Мала земја, но богата со традиционални јадења и зимски специјалитети. А еден од нив се и џимиринките, во некои краеви познати како чварки или пршки. Најчесто се прават во ладните месеци, а ноември е месец познат по овој македонски специјалитет.
Заедно со Агриа продолжуваме да ги споделуваме најдобрите традиционални рецепти. Овој пат колекцијата е збогатена со рецептот за џимиринки.

Состојки:
- 5 кг месната сланина од Агриа
- 200 мл вода
- Сол по вкус.
Подготовка:
- Сланинатата се сечка на коцки со димензии 3*3см.
- Месото се става во тенџере и се додава водата. Важно е водата да биде околу 1,5 см во тенџерето.
- Тенџерето ставете го на посилен оган. Штом водата испари, потребно е џимиринките почесто да се мешаат со дрвена лажица. Се пржат за време од 1 час во зависност од температурата. Џимиринките се готови, кога маста е бистра, а тие се кафеави и крцкави.
- Пржените џимиринки се вадат од тенџерето. Се посолуваат по вкус. Течноста се прецедува со метална цедалка и се става во тегли. Штом се стегне ќе може да ја користите како свинска маст (сало).
- Од наведените состојки ќе добиете околу 500 г џимиринки и две тегли маст.
Совети плус:
- Во некои краеви, пржените џимиринки се пресуваат за да излезе поголема количина на маст.
- Постојат рецепти во кои, по вадењето на маста, кон крајот на пржењето се додава 50 мл млеко.
- Џимиринките чувајте ги во стаклени тегли, хартиени ќеси за да ја сочуваат свежината.
- И за крај, посети ги месарниците на Агриа во Битола, Велес и Штип, каде што може да пронајдеш свежо свинско месо од домашно производство, кое е со врвен квалитет. А, ако немаш искуство со подготовката на џимиринките, но сепак ги обожаваш, во месарниците на Агриа може да набавиш џимиринки од нивно производство. Домашно и највкусно!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашни колбаси со праз.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
