печени-полнети-пиперки-со-урда-1

Печени полнети пиперки со урда

Може да кажеме дека ова е еден од најубавите појадоци кои нѐ потсеќаваат на детството, па затоа сакаме да го споделиме со вас. Овој рецепт за печени полнети пиперки со урда лесно се припрема и идеален за сите кои внимаваат на својата телесна тежина, активно вежбаат, се вегетаријанци или практикуваат исхрана без глутен.

Приготвените полнети пиперки со урда се богати со протеини, а содржат мал број на масти бидејќи се припремаат со печење.

печени полнети пиперки со урда

Состојки:

  • 6 до 8 пиперки со средна големина
  • 350 гр урда
  • 2 јајца
  • сол по потреба.

Подготовка:

  1. Пипеките убаво измијте ги и со ноже или специјална алатка за таа намена отсранете им ги дршките со семките.
  2. Во длабок сад ги ставаме јајцата и ја додаваме урдата. Мешаме убаво со виљушка за да се изедначи смесата. Урдата и јајцата ги посолуваме по вкус.
  3. Со мала лажичка земаме од смесата и ги полниме пиперките во внатрешноста. Наполнетите пиперки со урда ги редиме во намрсена тава за печење. Тавата ја ставаме во загреана рерна на 250 степени да се пече за време од 15 минути, додека пиперките од горната страна се запечат. Полнетите печени пиперки со урда послужете ги додека се топли. На здравје!

Сподели: