Американски колачиња со чоколадо

Американски колачиња со чоколадо

Сакате да приготвите вкусни и брзи американски колачиња? Вие сте на вистинското место за да откриете како може да направите крцкави колачиња со чоколадо кои одземаат малку време за подготовка.

Направени со кафеав шеќер, интегрално брашно и сода ќе ги задоволат вкусовите на целото семејство. Послужени со чаша млеко се одличен избор за слатка ужина или појадок!

американски колачиња со чоколадо

Состојки:

  • ¾ чаши шеќер
  • ¾ чаши кафеав шеќер
  • 1 чаша омекнат путер или маргарин
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 2 чаши интегрално брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка морска сол
  • 1 лажица какао
  • 200-350 г чоколадо за готвење.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги шеќерот, кафеавиот шеќер, путерот, ванилата и јајцето.
  2. Во друг сад ставете брашното, содата бикарбона, какаото, солта и измешајте ги. Смесата со брашно додајте ја во садот со шеќерот и јајцето. 
  3. Чоколадото исечкајте го на мали коцки и додајте го во садот со брашното и јајцето. Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
  4. Тавата обложете ја со хартија за печење. Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте колачиња со кружна форма. 
  5. Колачињата ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени за време од 8 до 10 минути. 
  6. Печените колачиња треба да имаат кафеава боја, а во средината да бидат меки. Колачињата оставете ги кратко да се изладат, а потоа отстранете ги од хартијата и наредете ги врз кујнска решетка за да се изладат целосно.  
  7. Готовите американски колачиња послужете ги со чаша млеко или кафе и уживајте во светот на вкусовите! 

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи чоко фрути колачиња без печење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: