баварски переци со пиво

Баварски переци со пиво

Ние имаме пријатели низ целиот Балкан и обожаваме да си ги споделуваме рецептите и кулинарските тајни. Така разменуваме искуство и се дружиме! Овој пат благодарение на Лана го споделуваме рецептот за баварските переци со пиво.

Изгледаат примамливо и вреди да се пробаат, зарем не? А штом се одлучите да ги направите ве советуваме да погледнете повеќе фотографии на блогот на Лана.

баварски переци со пиво

Состојки:

  • 500 г брашно
  • 25 г свеж квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 1 мала лажичка сол
  • 200 мл темно пиво
  • 50 мл масло
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам или ким.

За варење:

  • 1½ литар вода
  • 1 полна лажица сода бикарбона.

Подготовка:

  1. Квасецот ставете го во длабока чинија и додајте ½ чаша топла вода, една мала лажичка шеќер и една мала лажичка брашно. Измешајте за да се растопи квасецот, а потоа садот покријте го и оставете го на топло место.
  2. Во сад за месење ставете ги брашното, солта, маслото, пивото и нараснатиот квасец. Замесете меко тесто. Тестото оставете го да одмори за време од 30 минути, а може и повеќе се додека двојно нарасне.
  3. Нараснатото тесто поделете го на 10 делови. Секој дел исучете го како јаже со должина од 30 до 35 см. Обликувајте переци како на фотографијата.
  4. Во големо тенџере или тава на оган ставете ја водата да се загрее. Во врелата вода додајте ја лажицата сода бикарбона. Переците внимателно ставете ги во врелата вода. Штом испливаат на површина, со помош на перфорирана лажица извадете ги врз кујнска хартија малку да се исцедат. Потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
  5. Переците премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам или ким по желба. Печете ги на 200 степени за време од 20 до 25 минути додека заруменат. Послужете ги топли за појадок или вечера. Пријатно грицкање!

Ви предлагаме да прочитате: Домашни меки переци.

Сподели: