За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.
Совршен е за појадок со чаша чај или кафе, за десерт или брза ужинка. Се подготвува за 5-10 минути, а се јаде уште побрзо, затоа што гарантираме дека ќе им се допадне на сите, од најмали, па до најстари. Набавете си Битолска павлака со 20% мм, подгответе го и уверете се во неговиот совршен вкус!
Состојки:
- 1½ чаша брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 3 зрели банани
- ¼ чаша растопен и кратко изладен путер
- ½ чаша кафеав шеќер
- 1 јајце
- 80 г Битолска павлака со 20% мм
- ½ лажичка цимет
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- кора од 1 портокал
- ½ чаша ситно сечкани несолени кикиритки или кокос по избор.
Подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво.
- Во друг сад со помош на виљушка изгмечете ги зрелите банани. Додајте го растопениот и кратко изладен путер. Добро измешајте додека се соединат сите состојки.
- Во сад за матење изматете ги кафеавиот шеќер, јајцето, кората од портокал, циметот, Битолската павлака и ванилиниот шеќер.
- Смесата со брашното додајте ја во садот со јајцето и павлаката. Потоа додајте ги и пасираните банани со путерот и кратко измешајте со жица за матење.
- Кикиритките ситно исечкајте ги со помош на сечко или процесор за храна и додајте ги во смесата за колачот.
- Правоаголниот калап обложете го со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата за колачот.
- Колачот печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 50 – 60 минути. Послужете го со мед, парчиња банана и чај. На здравје!
За подобра текстура и вкус на колачот користете Битолска павлака. Проверено и загарантирано со производите на Бимилк се прават највкусните јадења и десерти!
Препорака од авторот:
„Комбинацијата на банана и путер од кикирики ми е омилена од детството. Така се роди идејата за овој вкусен колач кој се топи во уста. Одличен за со утринско кафе или чај. Топло ви препорачувам да го пробате и да го збогатите утринскиот ритуал на пиење кафе со уште едно слатко задоволство“ – вели Маја.
За сите прашања околу подготовката пишете и на Маја Ѓореска Никоволска (Facebook или Instagram) од нашиот тим која го направи вкусниот и сочен леб од банана и кикиритки.
Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста панакота со јагоди.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.