пивтија со желатин

Божиќна пивтија со желатин

Имаме убави традиции и вреди да ги сочуваме. Со коледарските песни и приготвувањето на божиќната пивтија започнува славењето на божиќните празници. Генерациите се менуваат, времето се менува, па така и ние ви претставуваме нов рецепт за божиќна пивтија со желатин кој веруваме дека ќе ги освои помладите, како и оние кои не се љубители на традиционалната пивтија.

Направена со кременадли, помалку лук и масти со додаток на желатин за успешен резултат. Од секоја состојка зависи вкусот на пивтијата. А, од сѐ најважно е да се изберат квалитетни и вкусни кременадли. Топло ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа во Велес, Битола и Штип или да ги побарате нивните свежи кременадли во Тинекс и Рамстор маркетите. Долги години го користиме месото на Агриа и сме задоволни потрошувачи, токму затоа и ги препорачуваме. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. За сите новости, посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

пивтија со желатин

Состојки:

  • 2 кг свински нозе и коленици
  • 10 литри вода
  • 2 кг кременадли од Агриа
  • 5-7 чешниња лук (количината е по желба)
  • 5-6 моркови и магдонос по желба
  • 6 ќесички желатин
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Кремендалите се мијат и се посолуваат со крупна сол. Се редат во сад и се оставаат во фрижидер 5 дена.
  2. Свинските нозе и колениците се мијат, убаво се чистат и се солат со крупна сол и се оставаат 5-6 дена. Се ставаат во поголем сад и се додава водата. Се варат на тивок оган 5-6 часа.
  3. Кременадлите се мијат и се ставаат во друго тенџере. Се варат додека омекнат за време од 2-2.5 часа на тивок оган. Варените кременадли се сечкаат по желба или се оставаат цели и се редат во чинии.
  4. Морковите се чистат и се сечкаат на кругови. Се варат во тенџере додека омекнат околу 30-тина минути. Морковите се ставаат во чиниите со кременадлите.
  5. Желатинот се става во поголема чаша и се додава 300 мл вода. Се меша и се остава да набабри.
  6. Чешнињата лук се толчат и им се додава врела вода. По желба се додава и магдонос.
  7. Од течноста во која се вареа нозете и колениците се отстранува горниот бел слој и се прецедува. Така пивтијата ќе биде помалку мрсна и ќе има проѕирна боја. Во течноста се додава желатинот и столчениот лук. Се меша за да се растопи желатинот.
  8. Потоа во секоја чинија или калап се става од течноста. Готовата пивтија со желатин се остава на ладно место преку ноќ за да се стегне. Се служи на Божиќната трпеза.

Препорака од авторот:

„Моите баби секоја година приготвуваа традиционална пивтија, но искрено малку каснував од течноста или барав при подготовката да ми остават чинија само со течност. Повеќето мои пријатели се сложуваат дека често пати пивтијата е мрсна и има интензивен мирис на лук. Па така се роди идејата, да направиме пивтија по наш вкус – со отстранување на маснотиите, додавање на кременадли и малку лук. Неколку години ја приготвуваме пивтијата по овој рецепт, а додатокот на моркови и желатин го препуштам на вас. Морковите и магдоносот и даваат декоративен изглед, а желатинот убаво ја стегнува, па може да ја ставите во калапи и на божиќната трпеза да имате убаво сервирана пивтија. Храната е уметност, па вреди да експериментираме и да се забавуваме особено за време на празниците.“ – вели Марија.

Автор на рецептот: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени кременадли во сос од вино.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: