Брзи пица мафини по испробан рецепт

Ако размислувате што да направите за појадок или мезе, а тоа да е едноставно, но вкусно, ви препорачуваме да ги пробате брзите пица мафини. Меки и сочни, идеални за сечиј вкус! 

„За овој рецепт не ви е потребно големо кулинарско искуство и може секој да ги направи. Нема матење, комплицирани состојки и губење на драгоцено време во кујната. Подготовката ќе ви одземе 5 до 10 минути, а крајниот резултат ќе го воодушеви целото семејство. “ – вели Марија Кочовска од нашиот тим која ги приготви овие мафини за списанието Убавина и Здравје.   

 

View this post on Instagram

 

A post shared by МК | Рецепти | Recipes (@kocovska.marija) on

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1½ мала лажичка прашок за печиво
  • ½ мала лажичка сода бикарбона
  • ½ мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка оригано
  • 1 јајце
  • 1 чаша млеко
  • ¼ чаша павлака
  • ¼ чаша масло
  • ¼ чаша кечап
  • 100 г маринирани шампињони
  • ½ чаша сечкана салама
  • ½ чаша рендан кашкавал. 

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво, содата бикарбона, солта и ориганото, и измешајте ги. 
  2. Во друг сад ставете го јајцето и кратко изматете го со жицата за матење. Во садот со јајцето додајте ги млекото, павлаката, маслото и кечапот, и измешајте ги со жицата.
  3. Потоа постепено додавајте од смесата со брашното и кратко мешајте. На крај додајте ги шампињоните, саламата и кашкавалот. Измешајте за да се соединат состојките. 
  4. Калапот за мафини премачкајте го со масло или ставете хартиени корпици. Со помош на алатка за сладолед смесата распоредете ја во калапот.   
  5. Мафините ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени за време од 25-30 минути. По желба кон крајот на печењето врз мафините ставете рендан кашкавал.
  6. Печените пица мафини оставете ги кратко да се изладат, па извадете ги од калапот. Послужете ги за појадок или мезе со доматен сос по избор. Уживајте во фантастичниот вкус со sezahrana.mk!

За крај следете ме на Facebook и Instagram каде може да погледнете повеќе рецепти и да се инспирирате за наредниот вкусен оброк. Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставни солени мафини со оригано.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: