„За 5 минути направи вкусно мезе за секоја пригода. Матурски прослави, родендени, свадби, крштевки… Летните прослави само што започнаа, а токму за ваквите настани споделувам еден предобар и декоративен рецепт за брзи тортиља канапеи.
Вкусот потсетува на француската салата, па време е да ги пробате за дружбите со најблиските. Наведените состојки се доволни за 6-7 парчиња канапеи. А ако ти требаат повеќе парчиња, дуплирај ја дозата по потреба. Предобри се!“ – вели Марија Кочовска, која срдечно го сподели овој рецепт со нас.

Состојки за тортиља канапеи:
- 1 голема тортиља (26 см)
- 1 лажица Natura крем од Млекара Тетово или павлака
- 4 парчиња салама исечена на тенки листови
- 2 парчиња кашкавал во листови
- ½ краставица
- Лук во прав по вкус.
Подготовка:
- Краставицата исечкај ја на тенки ленти.
- Тортиљата премачкај ја со павлаката и нароси лук во прав.
- Врз тортиљата стави го кашкавалот во листови, а потоа и парчињата салама.
- Свиткај како ролат. Краевите отстрани ги, а потоа ториљата исечи ја на 8 парчиња. Врз секое парче стави декоративна чепкалка и декорирај со павлака или нане во желба! Брзите тортиља канапеи се готови. Забавата може да започне! Видеото од подготовката може да го погледнеш тука.

Совети плус:
- За подготовката користев Natura крем. Здогледав дека имаат ново, мало практично пакување и го набавив. За сите новости, заследи ги на Instagram и Facebook.
- Препорачувам да користиш кашкавал во листови, за да може ролатот лесно да се витка.
И за крај, ако ти се допадна овој рецепт, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Ако си во потрага по вакви рецепти, разгледај ги моите рецепти за вкусни солени салати, сервирани на интересен начин:
- Готвиме со Марија Кочовска: Медитерански мезе залачиња со кремаст песто сос
- Брзи мезе залчиња со пилешка салата.
Автор на рецепти и фотографии: Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.