домашен клуб сендвич

Брз клуб сендвич – од кујната на Марија Кочовска 

Време е за уште еден супер рецепт! Овој пат ви припремив клуб сендвич. Домашен и повкусен од рестораните! Често го правам дома, па во оваа прилика го споделувам мојот омилен рецепт. 

За подготовката користев бел тост леб XL од Жито Лукс. Парчињата леб се малку поголеми и се идеални за клуб сендвичи. А наведените состојки се доволни за две порции. 

клуб сендвич со пилешко

Состојки:

  • 6 парчиња бел тост леб XL од Жито Лукс
  • 8 парчиња пилешка салама (пилешки или мисиркини гради)
  • 2 парчиња кашкавал во листови
  • 4 ленти чадена сланина 
  • 2 листови марула
  • 8 парчиња домат (1-2 домати исечкани на кругови)
  • 8 лажици мајонез.

За сервирање:

  • Помфрит.
клуб сендвич леб Жито Лукс

Подготовка:

  1. Во тава обложена со хартија за печење ставете ги парчињата бел тост леб. Печете ги во загреана рерна на 200 степени за време од 5 минути. Потоа превртете ги и продолжете со печење уште 3-4 минути. 
  2. Сланината ставете ја во тава на оган, на умерена температура. Пржете ја по 2-3 минути од двете страни. Потоа извадете ја врз кујнска хартија. 
  3. Земете едно парче леб и премачкајте го со 1 лажица мајонез. Ставете ја саламата, а потоа и парче кашкавал. Второто парче премачкајте со мајонез и ставете го врз кашкавалот. Горната страна премачкајте ја со мајонез. Ставете 2 парчиња сланина, лист марула и парчиња домат. Третото парче премачкајте го со мајонез и со таа страна преклопете го сендвичот. 
  4. Врз сендвичот ставете 4 чепкалки (погледни на видеото). Пресечете го дијагонално, а потоа уште еднаш пресечете дијагонално, така што ќе добиете 4 триаголници. 
  5. Готовиот клуб сендвич послужете го со помфрит по желба. На здравје!

Совети плус:

  • Парчињата леб може да ги испечете и во тостер или на грил тава. Пред печењето може да ги премачкате со маслиново масло и да ги зачините со мелен црн пипер.
  • По желба може да додадете и парчиња печен пилешки стек, краставици, кромид…

За повеќе рецепти и идеи посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

Ако си љубител на сендвичи ти предлагам да го погледнеш и рецептот: Пилешки бургери со печено крцкаво месо – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.

Сподели: