Обожавам лахмаџун! Лахмаџунот кој е познат и како турска пица е традиционално турско јадење. Го имам направено со пити со месење, но овој брз рецепт за лахмаџун со тортиљи ме освои! Филот се спрема за 10-тина минути, а за 30 минути јадењето е веќе послужено.
Пробајте, гарантирам дека нема да погрешите. Вкусот е фантастичен и многу подобар во споредба со лахмаџунот кој се продава во рестораните или местата за брза храна.

Состојки:
- 5-6 големи тортиљи
- 450 г свежо мелено месо од Агриа
- 2 помали главици црвен кромид
- 200 г домати
- 1 зелена пиперка
- пола китка магдонос
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица буковска пипер
- 2 лажици доматно пире
- 1 мала лажичка мелен црн пипер
- сол по вкус.
За сервирање:
- Марула
- Лимон
- Домат.
Подготовка:
- Кромидот, пиперките, доматите и магдоносот исечкајте ги ситно. Најдобро е да користите сечко со што ќе заштедите дополнително време.
- Во длабок сад ставете ги меленото месо и сечканите зеленчуци. Зачинете ги со црвена, буковска пипер, мелен црн пипер и сол. Додајте го и доматното пире. Измешајте добро со лажица или раце.
- Во тава ставете хартија за печење. Ставете 2 тортиљи и додајте по 3 големи лажици од филот. Филот распоредете со лажица или со раце со тапкање.
Лахмаџунот печете го во загреана рерна на 220 степени околу 10 минути, а потоа вклучете вентилатор (зависно од рерната) и печете уште 3-4 минути. - Готовиот лахмаџун со тортиљи сервирајте го со сечкана марула, парчиња домат и парчиња лимон. На здравје!

Препорака од авторот:
- Состојките се доволни за 5-6 големи тортиљи, а по потреба може да ги намалите или зголемите доколку ви се најавиле гости.
- За подготовката користев мешано мелено месо од Агриа, а лахмаџунот може да го направите и со јунешко мелено месо. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и набавете месо со врвен квалитет. Месото може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите.
За повеќе рецепти и идеи посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
А дали знаеш дека Агриа и Тинекс ги наградуваат најлојаните потрошувачи? Погледни како може да учествуваш и да освоиш една од вредните награди. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Испробај го и рецептот за Медитерански полнети тиквички во доматен сос – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е поддржан од Агриа.