Брз рецепт за печени пилешки копанчиња

Едноставните рецепти се најубави, нели? Секогаш кога сме во брзање и сакаме да приготвиме нешто вкусно, прв избор ни се пилешките кратки копани. Ги правиме на најразлични начини, маринирани, печени на скара, похувани, печени во рерна со зачини… Идеите се многубројни, а во оваа прилика споделуваме уште еден лесен рецепт за печени пилешки копанчиња. Го препорачуваме за сите кои немаат многу време за готвење или пак кулинарско искуство, но сепак сакаат да уживаат во оброци кои се подготвени дома.

Пилешкото месо е еден од најчестите избори за вкусен ручек или вечера. Лесно се подготвува, секогаш е достапно и може да се направи на милион начини, нели? – Направете промена и испробајте го овој рецепт. Нема варење, копанчињата ќе ги приготвите за само 5 минути, а ќе бидат задоволни сите членови на семејството.

Брз рецепт за печени пилешки копанчиња

Состојки:

  • 6 кратки копани
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 лажичка лук во прав
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешките копани измијте ги и посолете ги.
  2. Во сад измешајте ги доматното пире и мајонезот. По желба, може да додадете и една лажичка сенф. Ставете лук во прав, црн пипер по вкус и малку маслиново масло. Убаво измешајте.
  3. Тавата обложете ја со хартија за печење или премачкајте ја со малку масло.
  4. Со подготвената смеса премачкајте ги пилешките копани и наредете ги во тавата за печење. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 40-60 минути.
  5. Готовите пилешки копани послужете ги со гарнир и свежа салата по избор. На здравје!

Наша препорака:

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко похувано во пиво.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: