Утрата може да ви бидат послатки, а кафето уште поубаво! Овој брз чоколаден колач со мармалад е уште едно лесно „откритие“ кое е испробано во нашата кујна и од срце ви препорачуваме да го пробате! Одличен е како појадок со чаша млеко, како десерт во придружба на црно кафе, како ужинка за најмалите, па и за носење со себе ако сакате. Ќе уживате во светот на вкусовите во секое залче, гарантираме!
Може да ве интересира: Колач од детството „Брзи гонзалес“ со кокос.

Состојки:
- 3 јајца
- 100 г шеќер
- 80 мл Брилијант масло
- 120 г брашно
- 60 г густин
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 1/2 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- 2 лажици какао
- 3 полни лажици домашен мармалад од аронија или за замена предлагаме мармалад со вкус на цреша, праска или кајсија од Витаминка.
Подготовка:
- Прво во еден сад добро измешајте ги сувите состојки (брашното, печивото, какаото, густинот).
- Тавата за печење (бр.28) обложете ја со хартија за печење.
- Во поголем сад за матење додајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги убаво додека се познаваат траги од маталките и смесата стане густа.
- При крајот и не престанувајќи со матењето, додајте го маслото.
- Исклучете го миксерот и додајте го мармаладот.
- Додајте ги и претходно измешаните суви состојки и измешајте ја смесата со помош на жица за матење. Смесата ставете ја во претходно припремената тава.
- Рерната загрејте ја на 200 степени, а штом ја ставите смесата за колачот да се печи, намалете ја на 180 степени. Печете околу 30 минути, а за најсигурно проверете со дрвена чепкалка дали ќе ви остане од смесата на неа. Вашиот брз чоколаден колач со мармалад е готов. Оставете го кратко да се излади и припремете се за дегустација. На здравје и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден крем колач со лешници и ореви без матење.
*Спонзориран рецепт.