Ви предлагаме едноставен рецепт за подготовка на ванила куглоф.
Направен со љубов и најдобрите состојки, за вкусно уживање на целото семејство.

Состојки:
- 500 г брашно
- 400 г шеќер
- 250 г путер на собна температура
- 4 јајца
- 300 мл млеко
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- кора од лимон и портокал
- ореви и кандирано овошје по желба.
Подготовка:
- Во сад за матење се ставаат шеќерот и путерот. Се матат убаво со миксер.
- Потоа во садот со путерот и шеќерот се додаваат останатите состојки. Се продолжува со матење додека се добие хомогена смеса.
- Смесата за колач се става во претходно намрсен и набрашнет калап за куглоф. Колачот се пече во загреана рерна на 200°С, за време околу 15 минути, а потоа температурата се намалува на 150°С и се пече дополнителни 35-45 минути.
- Печениот ванила куглоф се остава да се излади, а потоа се вади од калапот. Се наросува со шеќер во прав по желба и се сече на парчиња. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Колач со кандирано овошје.