виенска шницла

Виенски шницли по оригинален рецепт

Уживајте во вкусот на познатите Виенски шницли во удобноста на вашиот дом со овој брз и лесен рецепт за нивна подготовка. Направете си вкусна гозба и за миг отпатувајте во некој елитен ресторан во австриската престолнина. Послужете ги со парчиња лимон, помфрит или компир салта и препуштете му се на уживањето.

За некои вкусни јадења не ви се потребни огромни кулинарски способности, туку само проверен рецепт, точни насоки за подготовка и вкусни парчиња месо со проверен квалитет. Ние се погриживме да го најдеме оригиналниот рецепт за Виенски шницли, а на вас останува да изберете со какво месо ќе ги приготвите. Виенските шницли традиционално се приготвуваат со телешко месо, но има варијации со свинско и пилешко месо. А кога станува збор за квалитетно месо, нашите пријатели од Агриа се прв избор. Во нивните месарници ширум земјата може да пронајдете квалитетно свежо свинско месо од домашно производство, телешко и пилешко месо. А тајната на највкусните специјалитети се крие во подготовката со свежи намирници.

виенска шницла

Состојки:

  • 4 големи (по 140-150 г) свежи свински шницли од Агриа
  • ¼ чаша брашно
  • ½ чаша лебни трошки
  • ½ лажичка сол
  • 2 јајца
  • масло или свинска маст (традиционално се користи за подготовка) по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво шницлите благо исчукајте ги со чекан за месо. Треба да добиете парчиња месо со дебелина од 4-6 мм.
  2. Јајцата изматете ги со жица за матење и посолете ги.
  3. Во три различни садови ставете ги јајцата, брашното и лебните трошки. Секоја шницла извалајте ја најпрво во садот со брашно, па потопете ја во изматените јајца. На крај кратко извалајте ги во лебните трошки. При тоа не ги притискајте со прсти, бидејќи на тој начин може да ја оштетите обвивката на шницлата.
  4. Во тава на оган ставете поголема количина на масло да се загрева.
  5. Похуваните шницли ставете ги во загреаното масло и пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна или додека поруменат. Повремено затресете ја тавата со цел да не се залепат. При тоа не ги боцкајте со виљушка и вадете ги со специјална фаќалка за да не го оштетите површинскиот слој на шницлите.
  6. Вака подготвените шницли извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
  7. Виенските шницли традиционално се служат со парчиња лимон и зелена салата, или пак салата од компири или краставици. А по желба може да ги послужите со пржени компири. На здравје!

Совет плус: Ако не знаете кое парче месо да го изберете за шницли, консултирајте се со вработените во Агриа. Замолете ги тие да изберат за вас и да ви исечат парчиња со соодветна големина. Освен во месарниците, месото од Агриа може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите.

виенски шницли

Ви препорачуваме да прочитате: Филе „Велингтон“ – месо во лиснато тесто со фил од печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: