пица лепчиња рецепт

Готвиме со Марија Кочовска – Пица лепчиња – омилен појадок од детството

„Ти останал леб од претходниот ден? Ти треба идеја за појадок или вечера? – Ова е вистинскиот рецепт за тебе! Направи пица лепчиња и за 10-тина минути имаш вкусен појадок или вечера за целото семејство. Избери топинг по вкус – печурки, чајна или домати, и забавата може да започне. 

Верувам дека многумина од вас имаат пробано пица лепчиња, но старите и добри рецепти треба да се зачуваат и да се потсетуваме почесто на нив, нели?“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.

пица лепчиња со автор

Состојки:

  • 6 парчиња леб
  • 6 лажици доматен сос или кечап 
  • оригано
  • 100 г Кораб кравји кашкавал 
  • 30 г чајна салама или салама по избор
  • 30 г маринирани шампињони
  • 2 шери домати. 
пица лепчиња состојки

Подготовка:

  1. Кашкавалот изрендајте го. Шери доматите исечете ги на листови. 
  2. Парчињата леб наредете ги во тава обложена со хартија за печење. 
  3. Врз секое парче ставете по 1 лажица доматен сос и наросете со оригано. 
  4. Ставете кашкавал, чајна салама, и маринирани шампињони. 
  5. Лепчињата печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 7-10 минути, додека се растопи кашкавалот. Послужете ги со кечап, додека се топли. На здравје!

Совети плус:

  • Создај ја твојата омилена пица со додатоци по избор. Врз лепчињата може да додадеш и: пченка, кромид, маслинки, сувомеснато по избор, сирење…
  • Ако си на режим на исхрана, користи интегрален леб или лебот замени го со парчиња модар патлиџан. 
  • За подготовката користев домашен кечап и чајни стапчиња (мини чајна салама).
рецепт за пица лепчиња

И за крај, пронајди повеќе рецепти на моите профили и заследи ме: 

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Од кујната на Марија Кочовска: Потпечен ѓеврек со ајвар, сирење и јајце.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецепт е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: