Од кујната на Лана ни доаѓа рецепт за вкусен и крцкав појадок или ужина. Ако го започнувате денот со гранола или мусли, ова е супер можност за вас. Направете домашна гранола со мед и јаткасти плодови која има помал број на калории во споредба со купечка, а вкусот е подеднакво добар.
Најубавото кај овој рецепт е тоа што состојките може да ги прилагодите и менувате по желба. Па така, може да користите разни засладувачи како мед, агаве сируп или стевија.

Состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 1 чаша сечкани јаткасти плодови по ваш избор (лешници, бадеми, ореви)
- 40 г путер
- 2 лажици мед
- ½ лажица цимет
- мелено каранфилче по вкус
- 1 лажица рендана кора од портокал.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги овесните снегулки и сечканите јаткасти плодови.
- Додајте го циметот, каранфилчето и кората од портокал.
- Во тава на средна температура растопете ги путерот и медот, па додајте ги во смесата со овесот и зачините. Добро промешајте додека состојките се соединат.
- Тавата обложете го со хартија за печење. Врз неа рамномерно посипете ја во тенок слој подготвената смеса за гранола.
- Гранолата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Притоа внимавајте да не изгори.
- Откако гранолата ќе се испечи, почекајте да се излади, па иситнете ја.
- Складирајте ја во чиста тегла и искористете ја во рок од 2 недели.
Предлог за сервирање: Во чинија ставете 5-6 лажици од припремената гранола, додадете јогурт и декорирајте со сечкано овошје по ваш вкус. Секако ова е само еден од начините на кој може да се послужи, но може да си ја приготвувате по ваш вкус како и купечката гранола.
Ви препорачуваме да прочитате: Утринска гранола со семки од тиква и овошје.