Манџата во македонската кујна е традиција и честа на трпезите. Компир манџа, грашок манџа, боранија… Овој пат споделуваме рецепт за грашок манџа со свинско месо.
Секоја домаќинка има своја мала тајна кога приготвува манџа, а нашата е свежото свинско месо од Агриа и многу љубов!
Состојки:
- 500 г свинско месо – плешка од Агриа
- 2 лажици масло
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- 400 г грашок
- 500 г пасата – пасиран сос од домати (домата)
- Коцка за супа
- 1-2 мали лажички сол
- 1 мала лажичка црвена пипер
- Мелен црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Свинското месо се сечка на коцки. Кромидот ситно се сечка. Морковот се ренда или сечка на мали коцки.
- Во тенџере на оган се става маслото да се загрее. Во загреанто масло се додаваат кромидот и морковот. Кратко се пропржуваат, а потоа се додава месото. Се пржи 7-8 минути.
- Во тенџерето се додава грашокот, црвената пипер, црн пипер, пасатата и коцката за супа. Се додаваат 2-3 чаши вода и се остава манџата да се вари додека месото омекне. По потреба се додава вода за да се добие саканата густина. На здравје!
Совет плус:
- По желба може да се додаде и чешне лук или ловоров лист.
- За подготовката може да се користи и замрзнат грашок или грашок од конзерва. Ако се користи замрзнат грашок, ќе биде потребно манџата подолго време да се вари.
Секогаш кога готвиш, готви со љубов и со најдобрите состојки. Набавувај свежи, македонски производи и поддржи ја македонската економија и компании. Набави домашно свежо месо од Агриа. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. За повеќе новости, следи ги Агриа на:
Може да те интересира: Компир манџа со колбаси.
*Рецептот е овозможен од Агриа.