грузиски хачапури

Грузиски специјалитет – хачапури

Специјалитетот хачапури ѝ припаѓа на грузиската национална кујна, но е познато јадење во целиот свет. Многу е вкусно и едноставно. Рецептот ни го подготви Ана Наумовска, а ние со задоволство го споделуваме со вас.

Доколку сакате да вкусите нешто поразлично, имаме совршена идеја за вас. Пробајте грузиски хачапури. Бидете креативни и направете ги со фил по ваша желба. Може да користите сирење, кашкавал, па дури и месо. Во секој случај ќе бидат превкусни. Пробајте ги и пишете ни во групата на Сѐ за храна која комбинација најмногу ви се допаѓа.

грузиски хачапури

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 2 лажици сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 500 мл топло млеко
  • 250 мл масло
  • 2 белки (жолчките се користат за премачкување).

За наросување:

  • сусам.

За фил:

  • околу 500 г рендан кашкавал
  • 6-8 јајца
  • сол и зачини по вкус.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, шеќерот и солта. Додајте ги белките, млекото и маслото и замесете тесто.
  2. Тестото поделете го на шест еднакви топчиња и оставете ги 15 минути.
  3. Со помош на сукало од секое топче расукајте кора. Од двете страни на кората ставете рендан кашкавал. Потоа, двата краја свиткајте ги навнатре.
  4. Краевите премачкајте ги со јајце и наросете сусам.
  5. Вака подготвените хачапури ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
  6. Извадете ги од рерната и во средината скршете едно или две јајца. По желба, можете да додадете и спанаќ. Зачинете ги и посолете ги по вкус и вратете ги во рерна да се печат уште 15 минути. Времето за печење може да варира во зависност од рерната.
  7. Готовите хачапури послужете ги додека се топли. На здравје!

Автор на рецепт: Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana).

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за турски симит.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: