Знаете што е најдобро кај овој американски гулаш? – Превкусен е, а за подготовката ви е потребен само еден сад за готвење. Нема потреба да валкате многу садови и да поминувате неколку часа во кујната. Би рекле дека е совршен рецепт за ручек или вечера кој ќе ги израдува сите членови на семејството. Едноставен за подготовка и со фантастичен вкус кој ќе ве мами да побарате уште една порција!
Ве предизвикавме да го испробате рецептот? За почеток набавете свежо мелено месо од Агриа. Гулашот може да го направите со мешано или говедско мелено месо. За било кое месо да се одлучите, гарантираме дека ќе ви се допадне. Посетете ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набавете месо со врвен квалитет. Во месарниците може да најдете свежо свинско и говедско месо, мелено месо, сувомеснати производи од нивно, домашно производство.

Состојки:
- 450 г мелено месо од Агриа
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 чаши вода
- 800 г сечкани домати од конзерва
- 2 лажички оригано
- 2 лажички босилек
- 2 чаши неварени макарони
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во поголема тава ставете масло да се загрее. Во тавата додајте го месото и кратко пропржете го.
- Лукот и кромидот ситно исечкајте ги и додајте ги во тавата на оган. Измешајте и пржете додека омекнат.
- Потоа, додајте ги сечканите домати и течноста од конзервата, ориганото и босилекот. Во садот ставете две чаши вода и додајте ги макароните.
- Садот поклопете го и оставете го да вари 20 минути додека макароните омекнат. Додајте сол и црн пипер по вкус. Ако сте љубител на пикантни јадења, можете да додадете и чили сос.
- Гулашот на амерички начин ставете го во чинија и послужете го. На здравје!
Совети плус:
- Ако сакате помала арома од кромидот и лукот, прво запржете ги нив, а потоа додајте го месото и пропржете го.
- Наместо тава, може да користите и тенџере за подготовката.
- За сите новости и акции посетете ја фан страница на Агриа на Facebook или разгледајте ја нивната веб страница.

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани палачинки со фил од мелено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.