Имаме одличен рецепт кој е погоден за скоро секое домаќинство! Динстуван ароматичен свински врат кој ќе го задоволи вкусот на гурманите со најизострено сетило за храна.
Има лесна и едноставна подготовка, а зачините може да се менуваат по ваш вкус. Ви предлагаме викендов да направите динстуван ароматичен свински врат, а гарнирот за служење го оставаме на вашата желба.

Состојки:
- 500 г свински врат од Агриа
- 1 главица кромид
- 6-7 чешниња лук
- масло
- 200 мл бело вино
- 400 мл вода
- 1 коцка за супа (телешка)
- 1 лажичка рузмарин
- 1 лажичка мајчина душица
- 1 лажичка црвена пипер
- 1 лажичка каенска пипер
- 2-3 ловорови листови
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Исчистете го месото од вишокот маснотии на површината. Посипете го со црн пипер и оставете го на собна температура.
- Кромидот и лукот исечкајте ги на крупни парчиња и пропржете ги додека омекнат (околу 10 минути на средно висока температура).
- Во садот додајте го виното и варете неколку минути, па тргнете го садот од оган и процедете го.
- Вратете го сосот на оган и додајте ги ловоровите листови, рузмаринот, мајчината душица, црвениот и кајенскиот пипер. Ставете вода и додајте ја коцката за супа.
- Откако ќе зоврие, ставете го месото и динстувајте околу 1 час. По потреба, продолжете со готвење додека месото убаво омекне.
- Динстуваниот свински врат послужете го со гарнир по ваша желба. На здравје!
Совети плус:
- Ако сосот е премногу густ, додајте уште малку топла вода за време на динстувањето.
- Ако сте љубител на пикантни јадења, може да додадете и чили зачин.
- За подготовка на вкусен специјалитет, изборот на квалитетни состојки е клучен. Ви предлагаме да набавите свежо свинско месо од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес).Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Може да набавите свинско месо од месарниците на Агриа директно или од маркетите на Тинекс и Рамстор.

Ви препорачуваме да прочитате: Кременадли во кремаст сос од печурки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.