густи сок од праски

Домашен густи сок од праски

Ако сакате да направите нешто здраво, погодно за деца и брзо за припрема ви го препорачуваме нашиот испробан рецепт за домашен густи сок од праски.

Соковите кои се нудат во маркетите често пати содржат многу адитиви, а вие можете од мала количина на овошје да си направите природен сок без конзерванси. Богатството кое во себе го содржат праските е познато одамна, а добиениот сок е идеален за освежување во жешките летни денови. Праските се нискокалорични и се погодни за честа консумација. Една голема праска има помалку од 70 калории и содржи 3 грама растителни влакна. Растителните влакна ги помагаат и регулираат движењата на дебелото црево, и го регулираат нивото на холестерол. По желба густиот сок од праски може да го засладите со шеќер, а како подобра замена за шеќерот ви препорачуваме да користите мед.

Состојки:

  • 6 праски
  • 6 лажици шеќер по желба
  • 4 чаши вода

Подготовка:

  1. Праските излупете ги, исечкајте ги на коцки.
  2. Во длабок сад на оган на средна температура, ставете ги исечканите праски, водата и шеќерот да се варат.
  3. Варете ги праските со повремено мешање, а штом малку омекнат, тенџерето тргнете го од оган и оставете го настрана за да се излади.
  4. Потоа, праските со течноста ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете сок. Домашниот густи сок од праски чувајте го фрижидер и послужете го изладен со коцки мраз. На здравје!
густи сок од праски

Сподели: