Домашен густи сок од јагоди

Пролетно, топло и весело! А уште поубаво ќе биде со домашен густи сок од јагоди.

Ако имате јагоди или пак обожавате сок, време е да го пробате овој рецепт. По желба може да го направите со шеќер или со мед, за поздрава варијанта. Било и како да го направите, сигурни сме дека ќе ви се допадне.

густи сок од јагоди

Состојки:

  • 1 кг зрели јагоди
  • 2 литри вода
  • 200 грама шеќер или мед по желба
  • 2 кесички ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Шишињата добро измијте ги. Оставете ги да се исушат, а потоа ставете ги во загреана рерна на 100 степени за да се загреат и стерилизираат.
  2. Јагодите исчистете ги, измијте ги и исечете ги на половина, а ако се покрупни исечете ги на четвртинки.
  3. Јагодите ставете ги во поголемо тенџере и налејте ја водата. Тенџерето ставете го на оган да се вари на висока температура. Штом јагодите зовријат, температурата намалете ја и варете ги околу 20 минути.
  4. Потоа тенџерето тргнете го од огнот и со помош на миксер или блендер испасирајте ги во каша. Во тенџерето додајте го шеќерот и ставете го сокот да се вари уште 10-тина минути додека шеќерот се растопи.
  5. Врелиот сок турете го во топлите шишиња. Шишињата затворете ги со тапа и завиткајте ги во старо ќебе и оставете ги така да се изладат.
  6. Изладените шишиња со сок од јагоди чувајте ги на ладно и темно место. Штом отворите шише со сок, истото чувајте го во фрижидер.

Ви предлагаме да прочитате: Сок од јагоди – сируп за растворање.

Сподели: