Летните денови се идеални за разладување со замрзнат јогурт! Овој десерт е многу популарен ширум светот, затоа што освежува и дава енергијата во топлите летни денови. Вкусот е како сладолед, но замрзнатиот јогурт е многу поздрав.
А ние ја имаме можеби најздравата верзија, направена со овошје и тоа без шеќер. Од наведената количина на состојки се добиваат 6 до 7 порции замрзнат јогурт. Во продолжение прочитајте како може да си го направите овој замрзнат десерт.

Состојки:
- 1 чаша кисело млеко или јогурт со 1% на млечна маст
- ½ чаша замрзнато бобинкасто овошје (вишни без семки, јагоди, малинки, капинки, боровинки…) по избор
- 2 лажици замрзната или свежа аронија
- 2 сушени смокви.
Подготовка:
- Сушените смокви исечкајте ги на ситни коцки.
- Во блендер ставете го киселото млеко, аронијата, бобинкастото овошје и сушените смокви.
- Миксирајте за време од 1 минута додека се добие хомогена смеса.
- Смесата ставете ја во калапи за сладолед. Оставете ја во замрзнувачот најмалку 2 часа за убаво да се стврдне. Ви предлагаме замрзнатиот протеински сладолед да го послужите за ужина. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен нискокалоричен протеински сладолед.