Освежително и лесно, за сите љубители на овошни сладоледи. Со оглед на тоа што сезоната на праските започна, време е да ги направите најубавите десерти. А во лето се знае, не може да се замисли без сладолед. Па, драги пријатели пробајте го овој рецепт за домашен сладолед со праски и слатка павлака.
Вкусот е фантастичен, а на вас оставаме да ни кажете како ви се допаднал овој домашен овошен сладолед.

Состојки:
- 300 грама праски
- 75 грама шеќер
- 20 грама бадеми по желба
- 250 милилитри слатка павлака.
Подготовка:
- Праските најпрво излупете ги, па исечете ги на мали коцки.
- Ставете ги во тенџере заедно со малку вода. Тенџерето ставете го на оган на средна температура и загревајте се додека праските омекнат.
- Потоа процедете ги од водата и испасирајте ги или ставете ги во блендер и миксирајте ги.
- Додека праските се топли посипете ги со шеќер и убаво промешајте со лажица.
- Додајте ги и ситно исечканите бадеми, повторно убаво промешајте и оставете ги добро да се изладат.
- Во сад за матење ставете ја слатката павлака. Изматете ја со миксер додека добиете густ шлаг.
- Соединете ги двете смеси (смесата со праските и павлаката). Изматете заедно со миксер додека се добие хомогена смеса. При матењето на праските со павлаката, мешајте убаво се додека добиете густ крем.
- Така изматена смесата ставете ја во пластичен сад и оставете ја да стои во замрзнувач неколку часа. Штом сладоледот се стегне, послужете го. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен овошен сладолед од праски.