Домашен сок од киви

Дали некогаш сте направиле домашен сок од киви? Одличен е за здравјето, бидејќи спречува кардиоваскуларни заболувања, појава на тромб и згрутчување на крвта, го намалува ризикот од мозочен удар, ја штити виталноста на клетките и поволно делува на видот. Нашата пријателка и членка во групата на Сѐ за храна, Велика, ни сподели одличен рецепт за сок од киви кој мора да го пробате. На лесен и едноставен начин направете си вистинска витаминска бомба за организмот.

Кивито е многу здраво овошје богато со хранливи состојки. Содржи голема количина на антиоксиданси, флавоноиди и фитонутриенти, а богато е и со растителни влакна. Овие зелени овошки се богати со витамин Ц и витамин Е. Содржат и калциум, хром, бакар, железо, магнезиум, калиум и цинк. Може да се консумираат како сурово овошје, во пудинзи, пити, разни десерт и филови за торти, а може и да си направите одличен домашен сок од киви.

Може да ве интересира и: Киви – едно од највкусните и најздравите овошја.

Домашен сок од киви

Состојки:

  • 2-3 кг киви
  • 3-4 лимони
  • шеќер по вкус
  • 5 л вода.

Подготовка:

  1. Кивите и лимоните излупете ги и сомелете ги во машина или изблендирајте ги.
  2. Ставете ги во подлабок сад, додајте шеќер по вкус и 5 л вода. Оставете ги да отстојат 24 часа.
  3. Потоа, сокот прецедете го. Ставете го во шишиња и чувајте го во фрижидер до консумирање.

Совети од авторот:

  • Количината на вода и шеќер може да варира по ваш вкус. Ако сакате погуст сок ставете помала количина на вода.
  • По желба, наместо шеќер во сокот може да додадете маџун или мед.

Автор на рецептот: Велика Караѓошева.

Ви препорачуваме да прочитате: Јадете едно киви на ден и бидете здрави како дрен.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: