Домашен сок од морков и јаболко

Постојат многу причини за да направите домашен сок од морков и јаболко! Голем број од соковите кои се продаваат во маркетите содржат конзерванси, вештачки бои, многу шеќер и други додатоци кои неповолно влијаат врз здравјето.

Морковот е богат со каротин и провитамин А, кој ја штити слузокожата и има силно антиоксидантно дејство. Тоа значи дека ги уништува слодобните радикали кои се одговорни за појава на тумор, побрзо стареење и намалување на имунолошкиот систем.  Сокот од јаболко го намалува нивото на холестерол, помага за елиминирање на токсините од телото и ја подобрува работата на срцето.

сок од јаболко и морков

Состојки:

Подготовка:

  1. Јаболката и морковите добро измијте ги, а потоа излупете ги.
  2. Исечкајте ги на мали парчиња во одделни садови.
  3. Морковите ставете ги во тенџере на оган на средно висока температура да се варат и додајте вода колку да ги прекрие. Варете ги додека убаво омекнат.
  4. Штом морковите омекнат во тенџерето додајте ги јаболката. По потреба додајте уште вода и варете уште половина час.
  5. Тенџерето тргнете го од оган и оставете го кратко време да се излади.
  6. Варениот сок ставете го во бледнер и миксирајте го. Доколку немате блендер може да го изматите го миксер или да го испасирате овошјето.
  7. Во сокот додајте го лимонтусот и кафеав шеќер по вкус. По желба може да додадете вода. Мешајте со лажица за да се растопи шеќерот и убаво да се соединат состојките.
  8. Топлиот сок од морков и јаболко турете го во стелилизирани шишиња, затворете ги добро и оставете да се излади. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сок од тиква – без конзерванси.

Сподели: