Јапонски јаболка – храна на боговите! Ова егзотично овошје кое оригинално потекува од Кина, е богато со многу хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданси. Во текот на секоја сезона од созревањето, овошките може да го менуваат обликот. Исто така, варираат со големина од 50 до 500 грама. Бојата на овошјето може да биде од светло жолта до темно портокалова. Се јаде цела овошка, освен семките и стебленцето. Се препорачува да се јаде свежо, но може да се направи и домашен сок од јапонски јаболка, компот или слатко. А во азиската кујна, многу често се консумира и во сушена форма како додаток на колачи и ориз.
Придобивките од јапонското јаболко се многубројни. Тие се посебно корисни во есен и зима, затоа што ги подобруваат имунитетот и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции. Свежото јапонско јаболко содржи витамин А, бета каротин, ликопен, лутеин, зексантин и крипоксатин. Сите овие состојки играат важна улога во борбата против слободните радикали кои предизвикуваат стареење и различни болести. Затоа, направете си домашен сок од јапонски јаболка по рецептот на нашата пријателка Велика и уживајте во вкусот.
Може да ве интересира и: Јапонско јаболко – храна на боговите.
Состојки:
- 15 големи зрели јапонски јаболка
- 1 кг лимони
- 1 кг шеќер
- 3 ќесички лимонтус
- 8 л вода.
Подготовка:
- Лимоните измијте ги и сомелете ги во машина.
- Во сад, јаболката изгмечете ги со виљушка. Додајте ги лимоните, шеќерот и лимонтусот. Ставете 8 л вода и убаво измешајте за да се стопи шеќерот. Потоа, оставете да отстои 24 часа.
- Наредниот ден, сокот убаво исцедете го низ густа газа и соберете го во шишиња.
Автор на рецептот: Велика Караѓошева.
Ви препорачуваме да прочитате: Како се сечат, лупат и јадат јапонски јаболка?