Сите ние знаеме колку е цвеклото здрава и благородна намирница, но за жал малку е застапена на нашите трпези. Многу луѓе не го обожаваат неговиот специфичен вкус и целосно го исклучуваат од исхраната, а со тоа си ги ускратуваат сите благодети кои ни ги нуди. Но, новите зачини на Витаминка се тука да направат кулинарска магија и да ве мотивираат почесто да консумирате цвекло. Посетете го најблискиот маркет и набавете морска сол, црн бибер, ароматично оригано и Брилијант омега 3, а потоа препуштете се на кулинарската авантура. Направете крцкав чипс од цвекло и уживајте во есенските денови!
Цвеклото често се консумира како додаток во салати и сокови, и редовна намирница на сите лица кои страдаат од анемија. А сега е време за домашен чипс од цвекло кој е идеален и за најмалите. Ем ќе уживате, ем ќе направите нешто корисно за своето здравје.

Состојки:
- 2-3 средно големи цвекла
- 1/3 чаша Брилијант омега-3 масло
- 1 мала лажичка оригано од Витаминка
- морска сол и свежо мелен црн бибер од Витаминка.
Подготовка:
- Најпрво загрејте ја рерната на 200 степени.
- Цвеклото добро измијте го од земјата, излупете го и исечете го на тенки кругови.
- Во мал, длабок сад измешајте ги Брилијантот, морската сол, црниот бибер и ориганото. Со вака подготвениот прелив премачкајте ги круговите цвекло и наредете ги во плех за печење во еден слој, за да може рамномерно да се испечат. Може и да ги наредите на решетката од шпоретот, бидејќи така воздухот подобро ќе циркулира од двете страни и на тој начин цвеклото ќе се испечи подобро.
- Чипсот печете го околу 20 до 25 минути.
- Потоа извадете го цвеклото од рерна, завртете го од другата страна и премачкајте го повторно со зачинетото масло.
- Печете уште дополнителни 20 до 25 минути додека цвеклото постане крцкаво.
- Повремено надгледувајте го процесот на печење и вадете ги круговите цвекло кои се веќе печени.
- Печениот чипс од цвекло послужете го во комбинација со намаз или кечап по избор. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем салата со цвекло и мајонез.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.