Време е да ја направиме највкусната зимница и во шпајзот да ги наредиме теглите со домашен џем, слатко, мармалад… Убаво е да има од сѐ по малку, за бескрајно уживање во поладните денови. Ако го обожавате џемот од смокви и сакате да си направите дома, еве супер рецепт! Смокви во комбинација со ванила, цимет и рум за совршено уживање во светот на вкусовите!
Може да го намачкате на парче леб за појадок, слатка ужина или да го додате врз вафли и палачинки. А на sezahrana.mk може да најдете и вкусни рецепти со џем од смокви.

Состојки:
- 1 кг зрели смокви
- 200-250 г шеќер
- 2 ќесички ванилин шеќер од Витаминка
- 1 лимон
- 1 лажица рум
- 1 лажичка мелен цимет од Витаминка.
Подготовка:
- Смоквите измијте ги, тврдата кора отстранете ја, а потоа исечете на четвртини. Ставете ги во подлабоко тенџере.
- Лимонот измијте го и излупете го жолтиот дел од кората без бел слој. Исчистениот лимон преполовете го и исцедете го сокот.
- Во садот со смоквите, додајте ги шеќерот и сокот од лимон. Тенџерето покријте го со кујнска крпа и оставете ги смоквите да се маринираат 1 час на собна температура.
- Во смоквите додајте ја кората од лимон и ставете го тенџерето на оган да се вари. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете уште 30 минути. Повремено мешајте на 4-5 минути и отстранувајте ја пената од површината.
- По половина час варење, отстранете ја кората од лимон. Ако кората од смоквите не е распадната извадете ја и ситно исечкајте ја. Смоквите изгмечете ги или испасирајте ги со рачен блендер. Во садот додајте ги ванилиниот шеќер, румот и мелениот цимет. Варете уште 15 минути. Џемот е готов кога остава трага при мешањето.
- Чистите тегли и капаци стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 150 степени.
- Во теглите ставете од топлиот џем. Притоа оставете околу 1 см под работ на теглата. Затворете ги теглите и превртете ги наопаку 5-10 минути. Потоа, вратете ги во нормалната позиција, ставете ги во исклучената рерна или завиткајте ги во ќебе и оставете ги постепено да се изладат на собна температура.
- Готовиот џем послужете го за појадок или ужина. Уживајте во светот на вкусовите!
Совети плус:
- Бојата на џемот ќе зависи од бојата и зрелоста на смоквите.
- Вкусот ќе зависи од видот на смоквите. Темните смокви имаат малку посилен вкус од белите, па џемот ќе има поинтензивна арома.
- Ако планирате да направите поголема количина на џем и да ги зголемите состојките, времето за готвење ќе трае подолго.
- По желба, во смоквите може да ставите мелени каранфилчиња и сечкани ореви или бадеми.
- Ако немате многу време за подготовка, а ги обожавате домашните џемови и мармалади, имаме супер идеја за вас! Витаминка имаат превкусни мармалади кои ги обожаваме. Во нивната палета може да најдете мармалад од јагоди, цреша, кајсија, праска и портокал. Немаат конзерванси, а вкусот им е фантастичен!

Ви препорачуваме да прочитате: Џем од црни сливи со чоколадо приготвен во рерна.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.