Имаме нов рецепт за многу вкусна, домашна крем супа од печурки и бело вино! Вистинско гурманско уживање со само неколку состојки.
Може да ја направите како специјалитет штом ви се најават гости или едноставно да го почестите вашето семејство. Од наведените состојки ќе добиете 2 чинии супа, па по потреба зголемете ги или намалете ги состојките.

Состојки:
- 1 лажица путер
- 1 мала главица кромид
- 250 грама печурки
- ½ мала лажичка сол
- 3 гранчиња свежа мајчина душица (може да се користи и сушен зачин)
- ¼ чаша суво бело вино
- 2 ½ чаши млеко
- 50 грама леб исечен на мали коцки
- 1/8 мала лажичка морско оревче по желба.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го.
- Во тенџере на оган на средно висока температура ставете го путерот да се растопи. Во растопениот путер додајте го ситно сечканиот кромид. Пропржете го додека омекне.
- Во тенџерето додајте ги сечканите печурки и посолете. Продолжете со пржењето додека печурките добијат кафена боја.
- Во тенџерето додајте ја мајчината душица и белото вино. Варете додека течноста испари. Потоа додајте го млекото и лебот. Намалете ја температурата и продолжете со варењето за време од 15 до 20 минути.
- Доколку супата е многу густа може да додадете уште млеко. По желба, кратко изблендирајте ја со рачен блендер, посолете ја и додајте морско оревче по вкус. Доколку немате рачен блендер, оставете ја супата да се излади кратко време, па потоа миксирајте ја.
- Готовата крем супа од печурки и вино послужете ја додека е топла. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Пилешка салата со печурки и кисели краставички.