домашна лимонада

Домашна лимонада – сок за растворање од лимони

Што може подобро да ве освежи од домашна лимонада во топлите летни денови? Марија од нашиот тим и овој пат нѐ изненади со нејзините рецепти. Ни приготви брз сок за растворање од лимони и тоа без варење. Доволни ви се 10-тина минути и само 3 состојки.

Подготовката е едноставна и секој може да ја приготви лимонадата. Супер вкусна и освежителна и наш избор број 1 за ова лето.

домашна лимонада

Состојки:

Подготовка:

  1. Лимоните ставете ги во поголем сад и додајте 1 лажица сода бикарбона од Витаминка. Во садот додајте вода и оставете ги лимоните околу 20 минути. Потоа добро измијте ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Половина од лимоните ставете ги во блендер и додајте 200 мл вода. Избленирајте ги за да добиете каша. Постапката повторете ја и со останатата половина од лимоните. Доколку немате блендер може да ги сомелете на машина за мелење месо.
  3. Кашата од лимони ставете ја во голем сад и додајте ја преостанатата вода. Измешајте и оставете ги да отстојат за време од 24 часа.
  4. Наредниот ден исцедете ги со помош на ситна цедилка или газа. Во течноста додајте ги шеќерот и лимонтусот. Сокот оставете го уште 24 часа, а повремено мешајте за да се растопи шеќерот. Наредниот ден сокот соберете го во шишиња. Од наведените состојки ќе добиете 2,5 литри сок за растворање. Готовиот сок од лимони чувајте го на темно и ладно место, а најдобро е во фрижидер.
сок за растворање од лимони

Препорака од авторот:

„Домашната лимонада долги години ја приготвуваме и е омилена на сите кои што ја пробале. Супер е за во летниот период, а во комбинација со коцки мраз и неколку листови свежо нане се добива најдобриот летен пијалак. Што важно треба да знаете за лимонадата? Најдобро е да користите домашни или органски лимони, секако доколку може да најдете. Ако користите лимони за кои не го знаете потеклото, задолжително ставете ги во раствор со сода бикарбона и оставете ги да стојат 20-тина минути. Сокот се приготвува од целите лимони заедно со кората, па оваа постапка е важна. При купување изберете лимони кои имаат порапава кора. Тие лимони имаат подобра арома, но сепак тоа е прашaње на вкус. И што е најважно, направете ја домашната лимонада и почестете ги најблиските!

Гарантирам дека ќе ви се допадне, па вашите фотографии очекувам да ми ги испратите на Facebook или Instagram. Се надевам дека фотографиите кои ги направив ќе ве мотивираат да ја приготвите лимонадата, а за сите прашања слободно пишете ми. И не заборавајте да ме следите на Facebook и Instagram каде може да погледнете повеќе рецепти и да се инспирирате за наредниот вкусен оброк. Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија.

домашна лимонада сируп од лимон

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадно ладно кафе.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: