Домашни вафли со рум 1

Домашни вафли со рум

Кујната на Бетина се совпаѓа со нашата во многу нешта, а дел од нив се едноставноста и добриот вкус на рецептите! Уживаме кога ги дегустираме нејзините јадења, па ви предлагаме да го пробате нејзиниот рецепт за домашни вафли со рум и да се засладите со семејството.

Може да ве интересира: Најдобриот белгиски рецепт за вафли.

Домашни вафли со рум 2

Состојки:

  • 4 јајца
  • 120 г шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 200 г путер или маргарин омекнат на собна температура
  • 350 г брашно
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • 200 мл вода
  • 1 лажица рум (или по вкус)

Додаток за служење:

  • шеќер во прав
  • мармалад, матена слатка павлака или чоколаден прелив по желба.

Подготовка:

  1. Јајцата изматете ги убаво заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Ќе знаете дека смесата е доволно изматена кога ќе стане светла и густа.
  2. Потоа додадете го путерот или маргаринот и продолжете со матење.
  3. Брашното измешајте го со печивото а потоа половина од него, додадете го во садот со јајцата. Продолжете со матење.
  4. Додајте ја водата и остатокот од претходно измешаното брашно со печиво.
  5. На крај ставете го и румот и убаво изматете за да се спојат сите состојки. Ќе добиете густа смеса.
  6. Апаратот за вафли (како замена може и тостер со соодветни плочи за вафли) загрејте го на умерена температура.
  7. Ставајте од смесата врз површината и печете ги вафлите. Зависно од тоа каков апарат користите и се разбира доколку ви лепи површината за печење,, пред да ставите од тестото да се печи, премачкајте со масло. Времето на печење, исто така зависи од самиот апарат. Ќе знаете дека се испечени кога ќе добијат златна кон кафеава нијанса.
  8. Готовите вафли наросете ги обилно со шеќер во прав и послужете ги со додаток по желба. Предлагаме тоа да биде вашиот омилен мармалад, матена слатка павлака или чоколаден прелив. На здравје!

Рецептот го испратил: Б. Кузевски, Зготвено со љубов.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за совршени вафли.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: