Убаво е кога ги чуваме традиционалните рецепти и ги пренесуваме од генерација на генерација. Како и во минатото, така и сега многу фамилии приготвуваат домашни колбаси. Најчесто се прават со сечкано свинско свежо месо, праз или кромид, а како зачини се користат лута буковска пипер, црвена пипер или црн пипер.
Ако сакате да се присетите на вкусот на домашните колбаси, пробајте го овој рецепт. Гарантираме дека ќе ви се допадне, а никој нема да остане рамнодушен.

Состојки:
- 5 кг свежо свинско месо од Агриа (врат или плешка по избор, сланина)
- 100 г сол
- 100 г лута буковска пипер
- 100 г црвена пипер
- ½ страк праз
- црева за полнење на колбасите.
Подготовка:
- Месото исечкајте го на мали коцки. Сечкањето може да ви одземе повеќе време, но традиционалниот начин на подготовка е токму вака. По желба колбасите може да ги направите и со мелено месо или комбинација од сечкано и мелено месо.
- Доколку се одлучите за мелено месо, замолете ги вработените во Агриа да ви изберат добро парче месо за колбаси и еднаш да го измелат.
- Празот ситно исечкајте го.
- Во сечканото месо додајте сол, лута буковска пипер, црвена пипер и праз. Добро измешајте ја смесата.
- Цревата ставете ги во млака вода и оставете ги за време од 20 минути. Најчесто цревата се солени и добро е да се отсолат и омекнат пред полнењето на колбасите. Цревата внимателно ставете ги врз отворот на машината за колбаси. Месото додајте го во машината и наполнете ги колбасите. Колбасите може да ги исчадите на ниска температура еден ден или наредете ги на место каде има провев и оставете ги неколку дена. Вака приготвените домашни колбаси со праз замрзнете ги и користете ги по потреба. На здравје!
Совети плус кои ќе ви помогнат при подготовката:
- Можете да додавате зачини по вкус, но важен е соодносот на месо и сол. На еден килограм месо се ставаат 20 г сол.
- За подготовката користете свежо свинско месо од Агриа. Зошто? – Затоа што месото е секогаш свежо и со врвен македонски квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во нивните месарници (Битола, Велес и Штип) како и во Тинекс и Рамстор маркетите.
- Ако не сте толку вешти во кујната, а го обожавате вкусот на домашно приготвените колбаси, ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа и да набавите домашни, селски, скараџиски или барени колбаси како и различни месни преработки.
Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати ролнички со колбаси.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.