Основна состојка на овој древен индиски рецепт против цревни инфекции е јогуртот. Напитокот се нарекува “Lassi“ . Тој е одличен извор на корисни бактерии кои може да не заштитат од бројни летни инфекции. Покрај тоа, освежува и разладува.
Со самото тоа што јогуртот ја подобрува рамнотежата на цревната микрофлора, овој напиток е многу корисен. Најдобро е да го земате после јадење или касно попладне. Ако се прашувате која е разликата помеѓу обичниот јогурт и “Lassi“ напитокот, одговорот лежи во полесната сварливост. Додека јогуртот е масен, “Lassi“ напитокот е прозрачен и лесен за пиење.

Може да ве интересира: 5 мали промени кои го подобруваат варењето и ја поттикнуваат работата на цревата.
Како да го направите “Lassi“ напитокот?
Со жица за матење мешајте свеж ладен јогурт додека стане кремаст. Додајте иста количина на вода или вода измешана со малку млеко. Ставете малку мед за засладување, додајте прстофат шафран или кардамон. Напитокот е готов.
За што е корисен?
Напитоков е одличен за ладење на телото, богат е со витамини, а посебно Б12.
Може ли да се подготви во солена варијанта?
Ако сакате да направите солена верзија од овој освежителен напиток, наместо мед, додајте прстофат сол, во комбинација со мелен ѓумбир, коријандер, ким.
Ви препорачуваме да прочитате: Приоритетни навики како да го одржите здравјето на цревата.