Имаме рецепт за рижото кој сигурно ќе ви се допадне! И претходно сме пробале слични рецепти за подготовка на рижото кои потекнуваат од кинеската кујна, а најмногу ни се допаѓа тоа што се едноставни за подготовка и многу вкусни.
Овој пат, на предлог на Невена го споделуваме рецептот за рижото „Кантонезе“. А пред да го приготвувате, добро ќе биде да прочитате: Како да направите совршено рижото?

Состојки:
- 220 гр ориз басмати
- 200 гр шунка сечкана на коцки
- 200 гр замрзнат грашок
- 3 јајца
- ½ средна главица кромид
- 2-3 лажици соја сос
- по потреба масло, сол и црн пипер.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Посолете ја и поклопете го тенџерето со капак. Штом водата зоврие додајте го оризот и оставете го да се вари за време од 10 минути.
- Пет минути пред крајот, во тенџерето со оризот додајте го грашокот. Сварениот ориз и грашок, исцедете ги и оставете го на страна.
- Во тава ставте малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ја шунката исечкана на коцки. Пропржете ја кратко, а потоа оставете ја на страна.
- Кромидот изрендајте го.
- Јајцата изматете ги со виљушка како за кајгана.
- Половина од ренданиот кромид измешате го со матените јајца, посолете и зачинете со мелен црн пипер.
- Во тава ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги матените јајца со кромидот. Испржете ги и изгмечете ги со виљушката.
- Во голема тава или во вок тава, пропржете го останатиот кромид колку да пушти мирис. Додајте го оризот и грашокот и мешајте 2-3 минути, а притоа внимавајте да не загори. Потоа додајте ги шунката, јајцата и соја сосот. Убаво се измешајте ги, а тавата тргнете ја од огнот. Готовото рижото „кантонезе“ послужете го додека е топло. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.