Вкус кој потсетува на топено сирење, но со додаток на тиквички! Време е да испробаме нов, лесен и летен рецепт за запечени тиквички со сирење и кашкавал, кој ни доаѓа од кујната на Лана.
Подготовката е многу едноставна, а крајниот резултат е совршен. Сигурни сме дека речиси сите состојки ги имате во кујната, па што чекате? Засукајте ги ракавите и пригответе супер ручек или вечера за семејството.

Состојки:
- 500 грама помали тиквички
- 250 грама сирење (најдобро е да се користи свежо сирење или изварка)
- 3 јајца
- 50 грама кашкавал
- 2 лажици брашно
- малку путер
- сол и црн пипер по вкус
- свежи зачини по желба.
Подготовка:
- Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. По желба може да ги исечкате на тенки кругови. Посолете ги и оставете ги за време од 10 минути.
- Во меѓувреме во сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка. Потоа додајте ги дробеното сирење, брашното, солта, црн пипер и сечкани свежи зачини, и добро измешајте.
- Тиквичките исцедете ги од течноста и додајте ги во садот со јајцата. Повторно измешајте.
- Калапите или тавата за печење премачкајте ја со путер и наросете ја со брашно. Ставете ја смесата, ама ги полнете калапите до крајот. На крај, ставете рендан кашкавал.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути. Топлите запечени тиквички со сирење и кашкавал послужете ги веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Топено сирење со тиквички.