Доколку сакате да се храните здраво, тогаш зелениот лиснат зеленчук дефинитивно треба да биде почесто на вашето мени. Кељот е еден од зеленчуците кој е на врвот по своите здравствени придобивки, но за жал многу малку се користи во секојдневната исхрана. Тој е лесно достапен и евтин, па нема изговор да не се користи почесто во исхраната. Во продолжение ви претставуваме еден супер рецепт за здрав шејк со кељ кој содржи состојки кои ги елиминираат токсините од организмот. Со помош на овој шејк не само што ќе се исчисти вашето тело од токсини, туку и вашата кожа ќе стане чиста и мазна.
Кељот содржи повеќе калциум од млекото. А што е уште многу поважно калциумот во овој зеленчук ни доаѓа во комбинација со магнезиум и на тој начин подобро се апсорбира во организмот. Исто така, тој е еден од најголемите природни извори на витаминот К, кој е важен за работата на метаболизмот и распоредување на калциумот во коските. Кељот содржи голема концентрација на антиоксидантите флавоноиди и каротеноиди кои со редовна консумација може да го намалат ризикот од настанување на канцерогени заболувања, па дури и да помогнат во лечењето на некои видови канцер како што се рак на бешика, дебело црево, дојка и простата. Богат е со омега 3 масните киселини, кои се чувари на срцето и крвните садови, а во само 100 калории од овој зеленчук се содржат 20-25% од препорачаните дневни дози на омега 3.

Состојки:
- 1-2 листови кељ
- 1 банана
- 1 јаболко
- ½ лажичка цимет
- 1 лажичка мед
- 1 чаша јогурт со мал процент на масти.
Подготовка:
- Кељот добро измијте го и исечкајте го.
- Овошјето исчистете го и исто така исечкајте го на коцки.
- Исечканото овошје заедно со кељот, циметот, медот и јогуртот изблендирајте го во блендер.
- Готовиот шејк со кељ послужете го веднаш. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк.