Интегрални брускети со печен зеленчук

Летото е совршено за брзи и здрави рецепти! А овој период никој нема да може да одолее на интегралните брускети со печен зеленчук. Крцкави, со сос од павлака и печени тиквички, модар патлиџан и домати.

Звучи примамливо, зарем не? За да ја зголемиме хранливата вредност зеленчукот го приготвивме со маслиново масло и додадовме микс од четири семиња (лен, сусам, тиква и сончоглед). Задоволни од вкусот, сакавме она што е добро да го споделиме со сите вас. Пробајте ги, нема да се каете!

брускети со печен зеленчук

Состојки:

  • ½ модар патлиџан
  • ½ тиквичка
  • 1 домат
  • маслиново масло
  • 3 парчиња интегрален леб
  • 2 лажици павлака
  • лук во прав
  • микс од четири семиња (лен, сусам, тиква, сончоглед)
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • свеж босилек.

Подготовка:

  1. Во мал сад ставете 3 лажици маслиново масло, посолете и зачинете со мелен црн пипер и лук во прав.
  2. Парчињата леб премачкајте ги со зачинетото масло и наредете ги во тава. Печете ги во загреана рерна на температура од 250 степени за време од 8 до 10 минути, додека поруменат.
  3. Модриот патлиџан и тиквичката измијте ги и исечете ги на тенки кругови. Посолете ги и оставете ги 10-тина минути. Потоа исцедете ги.
  4. Скарата или грил тавата премачкајте ја со маслиново масло. Ставете ги сечканите тиквички, модри патлиџани и домати да се печат. Печете ги 3 минути од едната страна, а потоа свртете ги и продолжете со печењето уште 2 до 3 минути.
  5. Во мал сад ставете ја павлаката и зачинете ја со лук во прав, сол и мелен црн пипер. Сосот убаво измешајте го со лажица.
  6. Печените лепчиња премачкајте ги со подготвениот сос од павлака и наредете печен модар патлиџан, тиквички, домати. На крај, врз брускетите ставете микс од семиња и свеж босилек. Уживајте во здравиот појадок или мезе!

Ви препорачуваме да прочитате: Брускети со намаз од авокадо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: