Сигурно во некои рецепти кои ви се допаѓаат имате сретнато дека се користи кондензирано млеко. Но, често се случува да не можете да го пронајдете во најблиската продавница, а понекогаш поради високата цена да се откажете од омилениот рецепт. Затоа, денес ви претставуваме брз и едноставен рецепт со кој може да направите кондензирано млеко во вашиот дом.
Кондензираното млеко е производ кој се добива со испарување на водата од млекото и обично е потребно неколку саати даа се направи, а во денешно време ретко кој има можност за такви експерименти. Но, има полесен и поедноставен рецепт со кој може да направите кондензирано млеко за 10 минути, а освен тоа ќе ви ја прикажеме и онаа долга варијанта, па вие одбере на кој начин ќе го направите.

Кондензирано млеко за 10 минути
Состојки:
- 1 чаша млеко во прав
- 2/3 чаша шеќер
- 3 лажици путер, на собна темература
- малку екстракт од ванила
- 1/3 чаша врела вода.
Подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека ја добиете посакуваната густина, околу 1 до 2 минути. Ако млекото ви е премногу густо додајте уште врела вода, па миксирајте уште малку.
Кондензирано млеко со варење
Земете еден литар обично млеко и ставете го на шпорет да се вари во широко тенџере. Млекото нека зоврие на висока температура, а потоа намалете ја на најниска додека количината на млекото двојно се намали. Мешајте додека во млекото се пени, а потоа промешајте со лажица повремено. Ако сакате засладено кондензирано млеко ставете 1 ќесичка ванилин шеќер и околу 200 грама обичен шеќер.
Кондензираното млеко може да го користите како основа за многу намази и кремови, а може едноставно да го додадете во утринското кафе кое ќе има многу подобар вкус.
Ви предлагаме да прочитате: Баунти штангли – млечни колачи со кокос и кондензирано млеко.