Време е да пробате нешто ново и неодоливо вкусно! Пробајте го рецептот на Лана за варени компири во кремаст сос од копар.
Компирите идеално се вклопуваат со аромата на копарот, па ви гарантираме дека сосот ќе ви се допадне. Најдобро е да ги направите со свеж копар, а ако немате на располагање, може да користите замрзнат или пак сушен копар како зачин.

Состојки:
- 5-6 компири
- 2 лажици брашно
- 1 чешне лук
- свеж копар
- 400 мл вода
- 1 мала лажичка сол
- 1 мала лажичка шеќер
- малку лимон или киселина
- коцка путер.
Подготовка:
- Компирите излупете ги, измиете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во тенџере на оган со вода да се варат.
- Лукот и копарот ситно исечкајте ги. Доколку немате свеж копар може да користите сув копар кој може да се најде како зачин.
- Во тенџере ставете го путерот да се растопи и додајте малку масло. Во растопениот путер запржете го брашното.
- Потоа додајте ги лукот и копарот. Измешајте и постепено додавајте ладна вода. Постојано мешајте со жица за матење за да не се направат грутки во сосот.
- Додајте ги шеќерот и солта, па продолжете со варењето за време од 10-тина минути, на ниска температура.
- На крајот, додајте 1 лажица свежо цеден сок од лимон или малку киселина.
- Варените компири исцедете ги и ставете ги во чинија. Прелијте ги со топлиот сос и послужете ги додека се топли. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Солени стапчиња со оригано, буковец и копар.