Манџа со компири мала слика

Компир манџа со чадено месо – од кујната на Марија Кочовска

Ти треба идеја за вкусен ручек? Направи компир манџа со чадено месо. Манџите ги правам без традиционалната запршка со многу масло и брашно, а се превкусни!

Комбинацијата на компири со чадено месо ми е една од омилените, а ретко кој може да каже „не“, на толку добар ручек. Заедно со Агриа, во наредниот период ќе ги споделиме највкусните традиционални рецепти од македонската кујна.

Компир манџа со автор

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 400 г чадени ребра од Агриа или чадено месо по избор
  • 1 мала главица кромид
  • 1 пиперка
  • 2 моркови
  • 1 лажица масло
  • 1 л вода
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер
  • Сол – по вкус
  • Сечкан свеж магдонос.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги на коцки. Месото исечете го на парчиња.
  2. Кромидот и морковите исечкајте ги на ситни коцки.
  3. Во тенџере ставете го маслото да се загрее. Додајте го кромидот и запржете го додека малку порумени. Додајте ги морковите и пиперката и кратко пропржете. Потоа додајте го чаденото месо. Кратко пропржете ги состојките. Додајте ги компирите и зачините – мелен црвен пипер, мешан сув зачин, сол и мелен црн пипер. Пропржете и додајте ја водата.
  4. Манџата варете ја на тивок оган, покриена со капак околу 35 минути додека омекнат компирите. 
  5. На крај, тенџерето тргнете го од огнот и додајте свеж магдонос. Оставете манџата да отстои 5 минути, а потоа послужете ја.  Подготовката погледни ја на видеото.

Дали знаеш дека?

Освен што може да набавиш свежо свинско месо, ексклузивно во месарниците на Агриа (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на чадено месо? Може да избереш чадени ребра, бут, кременадли, како и колбаси од нивно домашно производство. 

Компир манџа со чадено месо Агриа

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:

Ви препорачуваме да прочитате: Свински гулаш со пиво.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: