коцки од палента

Коцки од палента со фил од сирење

Елеганција која освојува! Вкус кој не се заборава! Вака може да се опише овој едноставен, но многу вкусен рецепт кој вреди да го пробате во првата прилика. Преубавите коцки од палента со фил од сирење ни доаѓаат на предлог од Диана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Trydiani.

Досега не сме помислувале дека палентата можеме да ја искористиме и да направиме толку убав специјалитет. Вегетаријански и без глутен!

коцки со палента

Состојки:

  • 200 грама инстант палента
  • 800 мл бујон од зеленчук или вода
  • 1 мала лажичка сол.

Фил:

  • 2 до 3 лажици од варената палента
  • 300 грама кравјо сирење (може да се користи мешавина од изварка, кашкавал)
  • 100 грама горгонзола или друго сирење
  • 1 јајце.

За декорација:

  • крем сирење
  • магдонос
  • марула
  • шери домати.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се става бујонот од зеленчук или водата со една мала лажичка сол да се варат. Штом течноста зоврие, температурата се намалува и се додава палентата. Со постојано мешање, палентата се вари за време од неколку минути, додека згусне.
  2. Од смесата се земаат 2 до 3 супени лажици. Останатата палента се става во тава со димензии 20*30 см. Се израмнува и се остава да се излади.
  3. Во длабок сад се ставаат лажиците палента, сирењата, јајцето. Смесата се меша и се става врз палентата. Тавата се става да се пече во загреена рерна на 175 степени за време од 20 минути. Кон крајот на печењето може да се стави рендан ементалер или кашкавал.
  4. Тавата се вади од рерната и се остава да се излади. Потоа се сечат коцки со димензии 3*3см. Изладените коцки од палента се декорираат со крем сирење, магдонос, марула или шери домати по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени бомбици од палента и сирење.

Сподели: