Кремаста панакота со јагоди

Популарна ширум светот и обожавана во нашата земја! За време на велигденските празници направете ја највкусната панакота со јагоди. Кремаста, сочна, со богата арома на ванила и јагода која ќе го освои сечиј вкус.

Ако досега сте се запрашувале кој е идеалниот рецепт за супер вкусна панакота, сега веќе го имате одговорот. Пробајте ја нашата панакота со јагоди, во која додадовме Битолска павлака за уште подобар и покремаст вкус. Состојките кои ви се потребни се едноставни и најверојатно ги имате во кујната. А подготовката ќе ви одземе само 20-тина минути.   

панакота со јагоди

Состојки:

За овошен прелив:

  • 1 ½ чаша јагоди
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон.

За декорација:

*Големината на чашата е 240 мл.

панакота со јагоди

Подготовка:

  1. Во мал сад ставете го млекото и додајте го желатинот. Измешајте со жица за матење и оставете го желатинот да набабри за време од 5 минути. 
  2. Садот ставете го на оган на средна температура за време од 3-5 минути. Притоа, постојано мешајте со жицата за матење за да се раствори желатинот. Внимавајте млекото да не зоврие. 
  3. Во садот додајте ги слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете со мешањето додека шеќерот се растопи, за време од 3 до 5 минути. 
  4. Битолската павлака ставете ја во сад за матење и измешајте ја со жицата. Постепено додавајте од смесата со млекото и желатинот. Мешајте за да се добие хомогена кремаста смеса. 
  5. Топлата панакота ставете ја во 4 до 6 чаши во зависност од големината. Оставете ја да се излади за време од 4 до 6 часа, а најдобро е преку ноќ. 
  6. Јагодите исечкајте ги. Во сад на оган ставете ги сечканите јагоди, шеќерот и свежо цедениот сок од лимон. Повремено мешајте и оставете ја смесата да зоврие за време од 5 минути, додека јагодите омекнат. Овошниот прелив оставете го да се излади, а потоа ставете го во чашите со панакота.
  7. Во сад за матење ставете ја шлаг пената и млекото. Изматете со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густ шлаг. Со помош на готварски шприц во секоја чаша ставете од шлаг пената. На крај, декорацијата завршете ја со свежи јагоди. На здравје!
панакота со павлака

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени шампињони со павлака и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: