За сите љубители на италијанската кујна имаме нов рецепт за кремасто рижото со куркума. Овој здрав и вкусен рецепт ќе го освои целото семејство, па сигурни сме дека често ќе се наоѓа на вашето дневно мени. А, тоа што е брз и едноставен нека ви биде уште еден мотив плус да им подготвите на вашите сакани здрав оброк.
Сигурно сте слушнале дека куркумата има многу придобивки за здравјето, поседува антивоспалителни и антиканцерогени својства, а има моќ и моментално да ја ублажи болката во телото предизвикана од реума и артритис. Корисна е при лекување на рани, изгореници и габични воспаленија на кожата, помага против покачен холестерол во крвта и претставува природен антибиотик. Има многу причини зошто да ја вклучите куркумата во секојдневната исхрана, а овој вкусен рецепт ќе ви помогне во тоа!

Состојки:
- 320 г ориз
- 30 мл бело вино
- морска сол по вкус
- 1 л пилешки или зеленчуков бујон
- 50 мл Brilliant Extra Virgin – ладно цедено маслиново масло
- 40 г путер
- 80 г рендан пармезан
- 1 лажичка куркума од Витаминка
- рендана кора од ½ лимон
- магдонос по вкус
- оригано по вкус.
Подготовка:
- Најпрво исечкајте го путерот на мали коцки и ставете го во фрижидер. Треба да е ладен кога ќе го додадете во оризот.
- Во длабока тава на оган на средна температура ставете го оризот и пропржете го неколку минути со постојано мешање.
- Во тавата додајте го белото вино. Откако ќе зоврие, додајте и дел од бујонот. Бујонот треба во целост да го прекрие оризот. Оставете го оризот да се вари на ниска температура со повремено мешање за да не се залепи на дното.
- Постепено додавајте од бујонот, додека се свари оризот. Посолете го по вкус и додајте ја куркумата, па добро измешајте. Рижотото не треба да биде ни премногу лепливо, ни течно, туку треба да добие кремаста конзистенција.
- Откако рижотото е готово исклучете го шпоретот и додајте ги ренданиот пармезан, маслиновото масло, ренданата кора од лимон и коцките ладен путер. Добро измешајте додека се хомогенизираат сите состојки со рижотото.
- Вака подготвеното рижото со куркума сервирајте го во чинија и поросете го со магдонос, оригано или друг свеж зачин по желба. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Практични совети за готвење со куркума.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.