Ароматичните боровинки претворени во освежителен десерт! Овој кремаст и сладок сладолед од боровинки сигурно ќе го освои вашиот вкус.
А ако ви се допаѓа овошниот вкус, освен во лето, кремастиот сладолед ќе може да го направите и во зима, со замрзнати боровинки.

Состојки:
- 2 чаши боровинки, свежи или замрзнати
- 1 чаша шеќер
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон
- 2 чаши слатка павлака
- 1 чаша млеко
- ½ мала лажичка екстракт од ванила
- 3 жолчки.
Подготовка:
- Боровинките, ¼ чаша шеќер и сокот од лимон ставете ги во мало тенџере на оган, на средно висока температура. Штом боровинките зовријат, тенџерето тргнете го од огнот. Боровинките испасирајте ги, а потоа процедете го пирето низ ситна цедилка.
- Во друго тенџере ставете 1 чаша павлака и екстрактот од ванила.
- Преостаната павлака, млекото и шеќерот, ставете го тенџере на оган на средна температура. Мешајте додека шеќерот се растопи.
- Жолчките од јајца изматете ги во мал сад.
- Кога млекото ќе почни да вари, земете 1 чаша од течноста. Потоа, постепено додавајте ја во садот со жолчките со континуирано мешање.
- Сместа од јајца и пирето од боровинки додајте ги во садот со топлото млеко. Продолжете со варењето додека се згусти, а на задната страна на лажицата забележите дека останува од смесата.
- Потоа, смесата со боровинки додајте ја во садот со преостаната слатка павлака. Измешајте и оставате смесата да се излади за време од 4 до 6 чаша.
- Потоа, садот со изладената смеса, затворате го со капак и ставете го во замрзнувач. Замрзнатиот сладолед од боровинки послужете го во чинии или домашни корнети. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.