крцкави печени компири со зачини

Крцкави печени компири со зачини

Овие печени компири со зачини се крцкави, ароматични и приготвени до перфекција. Направени се од едноставни состојки, за брзо време и се многу поздрава алтернатива од пржените компирчиња. Сигурни сме дека ќе ги обожаваат сите членови на семејството, а посебно најмалите.

Вака подготвените печени компири, послужени со доматен сос или сос по ваша желба, се совршени и за гости како прилог со месо, а може да се послужат и како самостоен оброк. Според нас, ова е ручек достоен и за на кралска маса. Нешто што мора да се проба!

крцкави печени компири

Состојки:

  • 600 грама црвени компири
  • 3 лажици маслиново масло
  • лук во прав по желба
  • оригано, мајчина душица, мајоран или босилек по желба
  • ½ мала лажичка морска сол
  • 1 мала лажичка мелен црн пипер
  • ½ мала лажичка црвена буковска пипер
  • 4 лажици пармезан
  • магдонос за декорација.

Подготовка:

  1. Рерната пуштете ја да се загрее на температура од 220 степени.
  2. Компирите добро измијте ги и исечете ги на осминки. Ставете ги во длабок сад и додајте го маслиновото масло. Добро измешајте ги.
  3. Во мал сад ставете ги лукот во прав, ориганото, црвената пипер, солта, црниот пипер и пармезанот. Измешајте ги зачините со лажица, а потоа додајте ги во садот со компирите. Повторно добро измешајте.
  4. Во тава ставете хартија за печење, а потоа наредете ги компирите.
  5. Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна за време од 25 до 30 минути, додека компирите добијат крцкава кора, а во внатрешноста се меки.
  6. Тавата извадете од рерната и оставете ги компирите да се изладат за време од 10 минути.
  7. Магдоносот ситно исечкајте го.
  8. Печените компири со зачини извадете ги од тавата, ставете ги во чинија и поросете ги со сечканиот магдонос. Послужете ги со доматен или друг сос по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Кремасти карбонара компири.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: