рецепт за домашен сок од портокали

Лесен рецепт за домашен сок од портокали

„Се дружиме, споделуваме рецепти и ги испробуваме. Групата Се за храна на Facebook е кулинарско катче кое е моја инспирација за најубавите, домашни рецепти. Идејата за овој рецепт за домашен сок од портокали е токму од таа група. Го сподели Сим Атанасовска, а мене многу ми се допадна и решив да го испробам веднаш.

Вкусот потсетува на купечките сокови, но како што имаше напишано Сим, има мала количина на горчина која доаѓа од кората. Јас ја намалив и количината на шеќер, ставив 500 г, но може да додадете по желба.  Изладен со коцки мраз би бил супер освежување за топлите денови!“ – вели Марија од нашиот тим.

домашен сок од портокали

Состојки:

  • 750 + 500 г портокали
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 5 г лимонтус
  • 6 л вода
  • 500 – 900 г шеќер (по вкус).

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете 750 г портокали. Додајте вода за да ги покрие и 1 лажица сода бикарбона. Оставете ги да отстојат 1-2 часа.
  2. Потоа, исцедете ги, убаво измијте ги и ставете ги во длабок сад. Прелијте ги со чиста ладна вода (количината на вода да ги покрива портокалите) и оставете ги да стојат преку ноќ.
  3. Портокалите исечкајте ги на помали парчиња. Во сад ставете 1 л вода да зоврие и додајте ги исечканите портокали, шеќерот и лимонтусот. Оставете ги да варат 30 минути.
  4. Исцедете го сокот од преостанатите 500 г портокали и ставете го во посебен сад.
  5. Со рачен блендер, изблендирајте ги варените портокали. Добиената каша исцедете ја со цедалка, ставете ја во посебен сад и додајте го сокот од портокалите. Во садот додајте ја и преостанатата количина на вода и измешајте.
  6. Сокот од портокал ставете го во чаши по желба и послужете го. На здравје!
домашен сок од портокали

Совет плус:

  • Количината на шеќер може да варира по ваш вкус. Ако сте ставиле премногу шеќер, зголемете ја количината на вода.

Препорака од авторот:

Ако си во потрага и по други рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследиме на:

Автор на фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да изберете најдобри портокали за цедење на сок?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: