ќофтиња од пилешко месо и грашок

Лесен рецепт за ќофтиња од пилешко месо и грашок

„Брзо, едноставно и вкусно! Овие ќофтиња од пилешко месо и грашок вреди да се најдат на вашето мени. Ако сакате да го воодушевите семејството со некое ново јадење, пробајте ги овие ќофтиња! Подготовката е многу лесна, а вкусот многу добар, па верувам дека веднаш ќе ве освојат! – препорачува Катерина од нашиот тим. 

„Доколку не знаете што да подготвите денес за ручек, ова е супер вкусен предлог. Неверојатно вкусен и брз рецепт за ќофтиња од пилешко месо и грашок со состојки кои постојано ги имате во домот. Може да ги послужите во комбинација со свежа салата по избор и да уживате во светот на вкусовите!“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

ќофтиња од пилешко месо и грашок

Состојки:

Подготовка:

  1. Стекот измелете го во машина за мелење и ставете го во поголем сад.
  2. Во друг сад ставете го грашокот да се вари. Потоа, исцедете го и измешајте го со мелениот стек.
  3. Во садот со месото додајте ги јајцето, млекото, зачините и брашното по потреба. Потоа, убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
  4. Од соединетата смеса со помош на лажица формирајте ќофтиња.
  5. Ќофтињата може да ги испржите или да ги испечите. Ако ги пржите, ставете ги во тава со Брилијант масло и пржете ги на средна температура. Доколку ги печете, ставете ги во тава обложена со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 20-25 минути.
  6. Готовите ќофтиња послужете ги додеа се топли со гарнир и свежа салата по избор. Уживајте во светот на вкусовите!

Автор на рецепт: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: