Овие топли денови искористете ги за прошетки, а помалку време поминувајте во кујната! На sezahrana.mk ќе најдете голем број брзи рецепти, како што е и овој рецепт за сочните ловечки шницли во сос. Совршено ќе се вклопат во вашата летна агенда, а веруваме дека и за брзо време ќе ги снема од масата.
Секој од нас е во потрага по вкусни, а брзи и едноставни рецепти. Овие ловечки шницли се лесни за подготовка, и потребни се само неколку состојки. Направете вкусен деликатес кој ќе им се допадне на сите!

Состојки:
- 500 г свински шницли од Агриа (може да користите и телешко, јунешко месо)
- 2 чешниња лук
- 2-3 лажици масло
- 2 лажици брашно
- мелена црвена пиперка
- вода по потреба
- црн пипер во зрно
- мешан зачин и сол по вкус
- магдонос.
Подготовка:
- Свинските шницли исечете ги на подебели парчиња и исчукајте ги со помош на кујнски чекан.
- Лукот исечкајте го и ставете го во помал сад.
- Свинските шницли ставете ги во загреано масло и кратко пропржете ги. Кога малку ќе поруменат, извадете ги од тавата.
- Во истото масло пропржете го лукот и додајте 2 лажици брашно, мелена пиперка, црн пипер во зрно и зачини по желба. Додајте вода и оставете да проврие за да добиете сос.
- Шницлите вратете ги во тавата и варете додека омекнат. За време на варењето по потреба додавајте вода. По желба можете да ги издинстате во експрес лонец. На тој начин ќе бидат помеки.
- Кога шницлите ќе бидат готови, врз нив посипете сечкан магдонос. Послужете ги со помфрит и свежа салата по желба. На здравје!
Наша препорака:
Ловечките шницли може да ги направите и со телешко/јунешко месо. А највкусни ќе бидат доколку користите свежо месо. Изберете свежо свинско или телешко месо од Агриа. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. Свежото свинско месо и телешко месо од Агриа може да го најдете во нивните месарници (Битола, Велес и Штип). Свинското месо е достапно и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.