Лосос со бел сос 1

Лосос со бел сос

„Еднаш до два пати неделно, риба, беше и е советот, за добро здравје… Еве еден рецепт за убав неделен ручек.“ – е препораката на Весна. А, и ни направила одлична фотографија од нејзиниот супер приготвен лосос со бел сос!

„Тартар сосот го имав готов, всушност го имаме како и мајонезот во туба, но може и сами да го направите. Додадов мајонез за да не доминира киселкастиот вкус од краставичката, а со лимонот го добив она што ми требаше. Го комбинирав со печениот компир. Едноставно, брзо, здраво.“ – додава таа. Еве како да го направиме и ние пријатели, а дозите на состојките се по вкус и според нашата потреба.

Лосос со бел сос 2

Состојки:

  • лосос
  • маслиново масло.

За сос:

  • тартар сос
  • мајонез
  • свежо цеден лимонов сок
  • рузмарин
  • маслиново масло.

Подготовка:

  1. Лососот се мие, се суши и сече на парчиња.
  2. Се пржи на средно силна температура, од сите страни.
  3. Се подготвува сосот. Во сад се мешаат тартар сосот со лимоновиот сок, маслото и со мајонезот.
  4. Се додава малку од рузмаринот и се прелива врз лососот. На здравје!

Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени филети од лосос во рерна.

Сподели: